Ете, се случи и тоа. Иако, не верувавме дека ќе се разделиме, сепак мораме да ве информираме дека од среда, 1-ви февруари, престануваме со работа.
Не сакаме да ве оптоваруваме со деталите за причините кои нѐ наведоа на овој чекор, туку само сакаме да бидеме доследни до крај и да ви ја соопштиме оваа вест, затоа што вие сте нашиот најверен партнер. Без вас, Caramelo™ немаше ниту да постои!
Се надеваме дека во иднина, кога ќе бидат исполнети...
Од денес, 28-ми ноември, во 15:00 часот, започнува големата наградна игра на Caramelo™. Наградната игра ќе трае еден месец. Извлекувањето на среќниот добитник ќе биде на 28-ми декември, во 15:00 часот. Наградата e iPod touch со прединсталирана iCaramelo апликација.
Со оглед дека музиката од нашата видео анимација за апликацијата iCaramelo многу ви се допадна и добивме многу позитивни реакции, ние решивме веднаш да ви излеземе во пресрет. Доколку покрај апликацијата, сакате да ја имате и музиката, ние ви подготвивме можност да ја симнете и да ја ставите како рингтон на вашиот мобилен...
Со особена чест и задоволство ви ја претставуваме официјалната Caramelo™ апликација, која од денеска можете бесплатно да ја преземете и да ја инсталирате на својот iPhone, iPod touch или iPad.
iCaramelo e апликација со која ќе можете лесно да ја пронајдете вашата омилена Caramelo™ локација, да ѕирнете во нашето богато мени пред да се решите што сакате да се напиете, или да стапите во директен контакт...
Со оглед дека секогаш сакаме да бидеме поблиску до вас, полесно да комуницираме и брзо да одговориме на вашите желби и потреби, Caramelo™ веќе од вечерва можете да го следите и на Google+. Да, да… повторно сме први!