Со оглед дека секогаш сакаме да бидеме поблиску до вас, полесно да комуницираме и брзо да одговориме на вашите желби и потреби, Caramelo™ веќе од вечерва можете да го следите и на Google+. Да, да… повторно сме први!

Кликнете тука...

ПОВЕЌЕ »

Драги вљубеници во Caramelo™ и кафето,

ве известуваме дека кафетеријата Caramelo™ нема да работи во периодот од 08.08.2011 до 21.08.2011 година, поради годишен одмор. Се надеваме дека оваа вест нема многу да ве растажи, особено што се во прашање само две недели.

Во меѓувреме, ние ќе се подготвуваме за нашата повторна средба, која ви ја закажуваме за понеделник, 22.08.2011. Со нетрпение ќе го очекуваме овој ден, за повторно да ви го сервираме најдоброто кафе кое може да се најде во Скопје.

Ви пожелуваме пријатен и забавен одмор на сите!

Мраз студено кафе кое вистински ќе ве освежи во текот на летните денови. Рецептот е едноставен – нес кафе, млеко, сируп, шлаг, карамел прелив и мнооогу лед. ФРАПИСИМО® е густо, студено и вкусно кафе, кое веруваме дека одново ќе ве тера да дојдете кај нас.

Неговата цена е 100 денари за големо кафе од 400 мл. За таа сума добивате барем половина ден разладување и секако, она во што најмногу уживате – вистинско кафе.

ФРАПИСИМО®...

ПОВЕЌЕ »

Летните жештини можеби се напорни и мачни, но ние го најдовме решението. Станува збор за нашата „ограничена летна серија“ која ја сочинуваат АЈС КАФЕ и СМУДИ – мраз студени пијалаци, кои ќе ги направат подносливи деновите со температури над 30 степени.

АЈС КАФЕ е пенесто нес кафе со студено млеко, чоколаден прелив и топка вкусен сладолед.

АЈС КАФЕ 330 мл  »  90 ден.


ПОВЕЌЕ »

И Caramelo™ се вклучува во акцијата посветена на Наташа Пановска. На Наташа ѝ беше дијагностицирана Акутна миелобластна леукемија AML-M2/M4. Претходно, во текот на 2009 година, беше направена трансплантација на коскена срцевина.

Но, на контролата на 06.05.2011 е дијагностициран релапс на болеста што подразбира повторно долготрајно лекување и повторна трансплантација....

ПОВЕЌЕ »

Вчера, Caramelo™ ја воведе својата посебна серија на кафиња која ја сочинуваат: РАФАЕЛО, АРОМА МАКИЈАТО и КАКАО ЛАТЕ.
Нашето кафе РАФАЕЛО во себе го носи посебниот и единствен вкус на најпознатите колачиња на светот, „Рафаело“ колачињата.

За жал, само неколку часа подоцна ја примивме тажната вест дека почина сопственикот на компанијата „Ferrero“, Пјетро Фереро. Ако господинот Фереро и неговото...

ПОВЕЌЕ »