Со наближувањето на студените денови, и ние во Caramelo™ го менуваме менито и го прилагодуваме на ова годишно време. И понатаму ќе може да уживаме во пијалаците од сегашното мени, но сега надополнето со многу нови топли пијалаци, кои заедно со топлата гардероба ќе направат да уживаме во зимските денови.
ТОПЛИОТ СОК ОД ЈАБОЛКО е веќе на менито, а во наредните денови ќе можете да ги израдувате вашите сетила со САЛЕП, СОЛЕНО ТОПЛО ЧОКОЛАДО и 5 сосема нови кафиња. Но, кафињата сакаме да ги одбереме заедно со вас. На тој начин и задоволството ќе биде заедничко.
Ви предлагаме 14 кафиња, а вие ќе треба да одберете 5 кои најмногу би сакале да ги видите на менито на Caramelo™.
Секојдневно добивавме забелешки поради тоа што сме го испуштиле филтер кафето во нашето мени. Затоа, како добри домаќини, решивме да ги исполниме желбите на нашите гости. Од денес, во Caramelo™ можете да уживате во совршено приготвеното Jacobs филтер кафе.
Можете да го порачате во две дози: мала доза од 180 мл и голема доза за цел ден од 250 мл. Веруваме дека одличниот избор на филтер кафе во комбинација со пријатната амтосфера ќе направи вистински да ја почувствувата магијата на вашиот омилен пијалак.
ФИЛТЕР КАФЕ Jacobs 180/250 мл » 40/50 ден.
ПОВЕЌЕ »
Еден од најдобрите македонски ди-џеи, Зоки Бејбе, е еден од нашите најредовни гости. Со оглед дека Бејбе е еден од ретките луѓе кај нас кој вистински го разбира кафето, има и специфични барања кои мора да се исполнат кога се подготвува неговото омилено кафе.
Затоа, решивме неговото навистина посебно макијато да го ставиме во менито и да го наречеме „Зоки Бејбе“ макијато. Не за друго, туку да можеме сите да уживаме во неговиот рецепт. А, за рецептот како да уживате во музиката и животот – ќе мора лично да го прашате.
Рецепт: Малку продолжено еспресо со 1 сантиметар млеко и никако крема од млеко....
ПОВЕЌЕ »
Од самото отворање на Caramelo™ уживаме во чоколадниот вкус на МОКА и МОКАЧИНО. Сега решивме да го надополниме уживањето со кафе кое во себе повторно има чоколадо, но овој пат бело чоколадо. Во комбинација со какао, прелив од карамел, топинг од бело чоколадо и мраз е навистина супер избор за летните денови.
Затоа, ве очекуваме со нетрпение. Вас, љубителите на кафето и белото чоколадо.
БЕЛО МОКАЧИНО 400 мл » 120 ден.
2 дози кафе, бело чоколадо, какао, млеко, крема, шлаг, карамел прелив, топинг од бело чоколадо
БЕЛА МОКА 330 мл...
ПОВЕЌЕ »