Caramelo™ е место кое раскажува приказна во која секој детал има свое посебно место. Започнувајќи од неговото височество – кафето, преку менито, музиката, уредувањето, атмосферата, па сѐ до персоналот и услугата. Внимаваме секој детал да се вклопи во целината и да создаде перфектна рамнотежа. Рамнотежа која го прави Caramelo™ тоа што посакуваме – пријатен и мирен простор кој нуди мигови на опуштање и релаксација. Простор кој кога ќе влезете ќе ве однесе во друг свет – свет на бои, мириси и вкусови, создаден само за вас.
Изборот на материјали и бои го пресликува единството на човекот и природата. Мекото, фино обработено дрво со кафени тонови се надополнува со живите бои кои го опкружуваат просторот. Во такво посебно окружување се раѓаат кафето, чајот и сокот во кои уживаме заеднички. А, кога на сето тоа ќе ги почувствуваме и опојните мириси на квалитетно кафе, цимет, чоколадо и јаболко, тогаш задоволството е неизбежно.
На пријатната, речиси рустична атмосфера, се надоврзуваат малите украсни предмети. Стари чајници, шолјички, мелници за кафе и ѓезвиња му даваат посебна димензија на просторот. Антиквитети кои ја раскажуваат долгата и вкусна приказна за кафето и чајот која сѐ уште трае. Буквално, како единствени преостанати гласници на едно одамна минато време чии траги нѐ следат и ден-денес.
Се надеваме дека успеавме да направиме место кое ќе одговори на вашите барања и потреби. Место во кое ќе го најдете сѐ она што ви недостасувало кога се во прашање кафето и чајот.



