нашата приказна

Кога ќе го споменеме зборот кафе, во нас, поклониците на овој пијалак, се раѓаат навистина посебни чувства. Чувство на задоволство, на неповторлив вкус и мирис, на сетилно уживање, на целосна сатисфакција.

Чувства кои се засилуваат со секоја нова голтка кафе. Голтка кафе во која има бескрајно многу љубов. Во една единствена голтка се вградени најквалитетните зрна кафе, изобилство сончеви зраци и вода, огромен труд на работникот кој го одгледува кафето, совршениот апарат и големо знаење кое ја преточува голтката во приказна која трае. И, да не заборавиме – многу насмевки и убаво расположение, подарени од нашиот тим.

Caramelo™ не е само место каде што може да се ужива во таква голтка кафе. Тоа е место во кое ќе најдете и други вљубеници кои знаат да препознаат врвно кафе, одбрано со мошне строга селекција. Луѓе со кои делиме исти вкусови, желби и сфаќања. Луѓе со кои се градат вистински пријателства. Caramelo™ има само една желба – да гради пријателства на цврста основа. И веруваме дека нема подобар начин за тоа од дружење и пријатен разговор со вистинско кафе.

Затоа, дојдете да се запознаеме. Имаме многу работи да си кажеме.

партнери

Кога ќе се спојат вистинските луѓе, квалитетот е неизбежен. Затоа, Caramelo™ внимателно ги избира своите партнери. Партнери на кои им е поважен гостинот од сѐ друго. Партнери кои сакаат професионален однос и меѓусебно почитување. А резултатот од таквиот однос го чувствуваме сите, затоа што го добиваме најдоброто што може да се најде.
 
 

мисија
Нашата мисија е едноставна: да ви понудиме совршени кафе, чај и сок кои ќе можете да ги понесете со себе, секаде. Ново задоволство со секој нов ден. Посебен свет на вкусови, исто како што и вие сте посебни. И сето тоа спакувано во висок квалитет. Ништо помалку од тоа.
Поставивме висока цел која бара постојана работа. Ние сме подготвени.

визија
Ние имаме визија во која Caramelo™ е вашата омилена кафетерија. Кафетерија во секое маало, во близина на вашиот дом. Место кое ќе постои за вас и кое ќе ви подари моменти на посебно уживање. Место во кое ќе владее само добро расположение. Вашата насмевка ќе биде доволна причина нашиот ден да е исполнет.

Caramelo™ сака постојано да ја проширува соработката. Затоа, доколку сметате дека можете да одговорите на нашите стандарди и сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим на партнери - контактирајте нѐ.