Caramelo™ бара нов сопственик. Сопственик кој ќе знае како да ја продолжи одличната приказна за кафето и ќе ужива во неа заедно со гостите. Caramelo™ е веќе изграден бренд на „coffee to go“ систем. Брендот има своја публика и клиентела со мошне позитивно влијание на неа, што може да се провери во било кое време.

Покрај тоа, добивате и сериозно развиена богата рецептура и „know-how“ за производи кои не се продаваат на друго место кај нас. Брендот е одлично воден на социјалните мрежи Фејсбук (10.000 фанови) и Твитер, дополнето со сериозно развиена стратегија за негов развој.

Досега се испочитувани сите стандарди...

ПОВЕЌЕ »

Ете, се случи и тоа. Иако, не верувавме дека ќе се разделиме, сепак мораме да ве информираме дека од среда, 1-ви февруари, престануваме со работа.

Не сакаме да ве оптоваруваме со деталите за причините кои нѐ наведоа на овој чекор, туку само сакаме да бидеме доследни до крај и да ви ја соопштиме оваа вест, затоа што вие сте нашиот најверен партнер. Без вас, Caramelo™ немаше ниту да постои!

Се надеваме дека во иднина, кога ќе бидат исполнети сите неопходни услови и кога некои прилики ќе се променат, Caramelo™ повторно ќе работи, а ние секојдневно ќе се дружиме. Дотогаш, не дозволувајте никој да ви кажува што е добро...

ПОВЕЌЕ »

Му честитаме на среќниот добитник и го очекуваме во текот на утрешниот ден по својот прекрасен бел iPod touch!

На видеото подолу погледнете го извлекувањето:

Ви благодариме на учеството на сите и ви ветуваме уште некоја интересна наградна игра наскоро.


ПОВЕЌЕ »

Со особена чест и задоволство ви ја претставуваме официјалната Caramelo™ апликација, која од денеска можете бесплатно да ја преземете и да ја инсталирате на својот iPhone, iPod touch или iPad.

iCaramelo e апликација со која ќе можете лесно да ја пронајдете вашата омилена Caramelo™ локација, да ѕирнете во нашето богато мени пред да се решите што сакате да се напиете, или да стапите во директен контакт со нас за секоја дополнителна информација.

Но тоа не е сѐ. Со апликацијата можете да споделите дека сте во Caramelo™ и во кој пијалак уживате во моментот. Едноставен и интересен...

ПОВЕЌЕ »

Со оглед дека секогаш сакаме да бидеме поблиску до вас, полесно да комуницираме и брзо да одговориме на вашите желби и потреби, Caramelo™ веќе од вечерва можете да го следите и на Google+. Да, да… повторно сме први!

Кликнете тука за да нѐ додадете во некој од вашите „Circles“.

Имено, од денес, сите светски брендови може да направат свој профил на Google+ и преку него да комуницираат со своите...

ПОВЕЌЕ »

Драги вљубеници во Caramelo™ и кафето,

ве известуваме дека кафетеријата Caramelo™ нема да работи во периодот од 08.08.2011 до 21.08.2011 година, поради годишен одмор. Се надеваме дека оваа вест нема многу да ве растажи, особено што се во прашање само две недели.

Во меѓувреме, ние ќе се подготвуваме за нашата повторна средба, која ви ја закажуваме за понеделник, 22.08.2011. Со нетрпение ќе го очекуваме овој ден, за повторно да ви го сервираме најдоброто кафе кое може да се најде во Скопје.

Ви пожелуваме пријатен и забавен одмор на сите!