
Caramelo™ постојано ги следи најновите технолошки достигнувања и ги употребува со цел да биде што поблиску и што подостапен за вас. Неодамна, во видео интервјуто со нашата маркетинг агенција колектив™, дадено за komunikacii.net, ви најавивме дека ќе го примениме Foursquare. Интервјуто можете да го погледнете тука.
Чекавме на официјално одобрување од Foursquare. Конечно го добивме и денес објавуваме дека гостинот кој ќе стане градоначалник (Mayor) на Caramelo™, добива 25% попуст на сите наши пијалаци, сѐ додека е „на функција“.
Тој/таа што ќе стане градоначалник е должен да покаже од својот телефон дека го има беџот за градоначалник и да си одбере пијалак кој ќе го добие со 25% попуст.
Така, Caramelo™ е првото и единствено место кое нуди поволности за корисниците на 4sq кај нас и место кое ќе ви овозможи да станете градоначалник без да имате гласачи и да ги искористите сите предности кои ги нуди оваа функција, без некој да ве осуди за тоа.



aaaaaa palam foursquareot!
))
[...] новите друштвени мрежи за лоцирање. Затоа, кај нас, нашиот Foursquare градоначалник има 25% попуст на сите кафиња и пијалаци додека е на функција. Па, [...]