Денеска Caramelo™ го слави својот прв роденден! Една година исполнета со вкусно и квалитетно кафе, врвни чаеви и свежи природни сокови. И секако, 365 дена исполнети со вашето присуство и најголемото задоволство и предизвик за нас – да ви го подготвиме најдоброто кафе.

И каков роденден би било тоа ако го прославиме без вас? Затоа, во сабота на 05.03.2011 година, ве покануваме заедно да уживаме во денот кога се роди Caramelo™. Бидејќи вие сте најважната работа за нас, за тој ден подготвивме специјална понуда. Понуда која веруваме дека ќе ви се допадне. Во сабота ќе може да уживате во сите наши кафиња. И тоа бесплатно! Цел ден! *

Ве очекуваме, за да го прославиме заедно овој убав ден!

* Промоцијата важи по принципот „Едно лице – еден пијалак“.

  1. [...] повод нашиот прв роденден, го промовираме и нашиот слоган – Секаде. Секој ден. [...]