Со особена чест и задоволство ви ја претставуваме официјалната Caramelo™ апликација, која од денеска можете бесплатно да ја преземете и да ја инсталирате на својот iPhone, iPod touch или iPad.

iCaramelo e апликација со која ќе можете лесно да ја пронајдете вашата омилена Caramelo™ локација, да ѕирнете во нашето богато мени пред да се решите што сакате да се напиете, или да стапите во директен контакт со нас за секоја дополнителна информација.

Но тоа не е сѐ. Со апликацијата можете да споделите дека сте во Caramelo™ и во кој пијалак уживате во моментот. Едноставен и интересен начин за поддршка на вашата социјална комуникација. Покрај тоа, ќе можете да ги дознаете сите најнови вести од Caramelo™ и секако, нашата понуда на денот.

Апликацијата ја изработија нашите пријатели од колектив™, за кои веќе добро знаете дека се задолжени за комплетното градење на брендот Caramelo™.

Преземете ја iCaramelo, бесплатно, на App Store!