Иако, знаеме дека понудата кафиња во Caramelo™ е навистина голема и богата, ние се решивме повторно да ја надополниме. Пробувавме, мешавме, се нервиравме, се забавуваме, комбиниравме состојки со денови… И на крај, успеавме да дојдеме до вистинските рецепти. Кога ги пробавме, знаевме дека сме го направиле вистинското.

И решивме дека не можеме, а да не ги споделиме со вас. Ќе беше навистина себично да си ги сочувавме само за нас. Оваа „limited edition“ ја сочинуваат три кафиња: РАФАЕЛО ФЕРЕРО, КАКАО ЛАТЕ и АРОМА МАКИЈАТО.

РАФАЕЛО ФЕРЕРО кафето е наменето за сите оние кои уживаат во врвните Raffaello колачиња. Кафе, кокос, шлаг, млеко и топинг од кокос и лешници.

РАФАЕЛО ФЕРЕРО 330 мл  »  90 ден.

КАКАО ЛАТЕ е уникатна комбинација од еспресо, какао и млеко. Со оглед дека нашето еспресо во себе има чоколадна нота, со какаото му ја дадовме сета онаа силина која ќе ве остави на нозе цел ден. Кафе посветено на сите кои уживаат во јако кафе.

КАКАО ЛАТЕ 250 мл  »  70 ден.

И на крајот АРОМА МАКИЈАТО, кое ќе ја ослободи вашата фантазија. Нашето прекрасно макијато надополнето со арома по ваш избор. Чоколадо, ванила, минт, бадем, кокос, лешник, карамел, цимет… изборот е речиси бескраен. Останува само вие да ни ја откриете вашата желба.

АРОМА МАКИЈАТО 180/250 мл  »  50/60 ден.

Со нетрпение ве очекуваме да ги споделите со нас вашите мисли и чувства за новите кафиња.

  1. [...] Caramelo™ ја воведе својата посебна серија на кафиња која ја сочинуваат: [...]