Вчера, Caramelo™ ја воведе својата посебна серија на кафиња која ја сочинуваат: РАФАЕЛО, АРОМА МАКИЈАТО и КАКАО ЛАТЕ.
Нашето кафе РАФАЕЛО во себе го носи посебниот и единствен вкус на најпознатите колачиња на светот, „Рафаело“ колачињата.

За жал, само неколку часа подоцна ја примивме тажната вест дека почина сопственикот на компанијата „Ferrero“, Пјетро Фереро. Ако господинот Фереро и неговото семејство беа толку добри кон нас и ни ги создадоа најубавите слатки задоволства како „Рафаело“, „Нутела“ и „Киндер Буено“, сметавме дека најмалку што можеме да направиме е да му оддадеме мала почит.

Поради тоа, од денес, нашето ново кафе РАФАЕЛО ќе го носи неговото име – ПЈЕТРО ФЕРЕРО или скратено ФЕРЕРО. Ако секое „Рафаело“ колаче измамува гласни воздишки кога ќе го вкусиме, се надеваме дека и нашето ФЕРЕРО кафе ќе ги измами истите воздишки и ќе се потсетиме барем за момент на човекот кој ни го подари тоа задоволство.

  1. Vasja says:

    Одлична идеја…

  2. [...] ФЕРЕРО кафето е наменето за сите оние кои уживаат во врвните [...]

  3. [...] меѓувреме, добивме информација дека македонската кафетерија Caramelo™, во чест на Пјетро [...]