Од денес, 28-ми ноември, во 15:00 часот, започнува големата наградна игра на Caramelo™. Наградната игра ќе трае еден месец. Извлекувањето на среќниот добитник ќе биде на 28-ми декември, во 15:00 часот. Наградата e iPod touch со прединсталирана iCaramelo апликација.
Правила Секој учесник во наградната игра добива картичка со место за три печати. Со кој било купен пијалак се добива еден печат. Откако ќе ги соберете сите три печати, на задната страна од картичката...
Со оглед дека музиката од нашата видео анимација за апликацијата iCaramelo многу ви се допадна и добивме многу позитивни реакции, ние решивме веднаш да ви излеземе во пресрет. Доколку покрај апликацијата, сакате да ја имате и музиката, ние ви подготвивме можност да ја симнете и да ја ставите како рингтон на вашиот мобилен телефон.
Foodspotting е апликација која ви помага да решите што и каде да јадете и да се напиете, да прочитате што другите мислат за определен ресторан, кафетерија, специјалитет или пијалак. И тоа во било кое место на светот.
Токму затоа и Caramelo™ реши да направи Foodspotting Guide за своето мени, со 5 пијалаци за кои сметаме дека се најдоброто или најпосебното што може да се најде во нашиот град. Го нарековме „Скопски...
Со оглед дека Caramelo™ е едно од ретките места кај нас кое го користи Foursquare како еден начин на комуникација со пријателите, решивме на нашиот иден градоначалник да му подариме една навистина посебна книга. Станува збор за книгата „How Starbucks saved my life“. Книгата е донација од нашата пријателка Калина Зографска, која е еден од најголемите поддржувачи на Foursquare во Македонија.
Сигурно ќе се запрашате зошто токму оваа книга? Причината е едноставна. Starbucks и Caramelo™ работат на ист принцип. Сите во тимот се партнери,...
Претпоставуваме дека сте се запрашале што претставуваат оние чудни мали коцкички на влезот во Caramelo™. Еве, конечно, да ја одгатнеме тајната. Станува збор за QR или quick response код, кој содржи определени информации кои може да ви бидат од голема корист.
Имено, сѐ што треба да направите е да го скенирате кодот со QR апликација која ја користите на вашиот мобилен телефон и сите наши податоци за контакт автоматски ќе се зачуваат во вашиот телефон. Така, без многу напор, ќе го имате телефонот, адресата и електронските контакти од вашето омилено место за кафе.
Со оглед дека во светот употребата на QR кодот се шири со брзина...